Реконструкцијата и модернизацијата на котлите на третиот блок во РЕК "Битола" ќе заврши до крајот на октомври или на почетокот на ноември годинава. Ова во Келн, Германија го најави Георг Гаштајгер, претседател на Управниот одбор на Бабкок Борсиг. Оваа германска фирма на почетокот на годинава со ЕЛЕМ потпиша договор да ги рехабилитира котелските постројки на РЕК "Битола". Проектот се реализира на време и во моментов ги подготвуваме неопходните материјали за почеток на реконструкцијата. Во август, третиот блок треба да биде исклучен од системот за да ја почнеме реконструкцијата која треба да заврши до крајот на октомври или почетокот на ноември годинава. Потоа блокот ќе може да се пушти во работа, а нам ни остануваат уште некои работи до крајот на годинава кога ќе започнеме со реконструкција на вториот блок.
Реконструкцијата и модернизацијата на котлите на третиот блок во РЕК "Битола" ќе заврши до крајот на октомври или на почетокот на ноември годинава.
Ова во Келн, Германија го најави Георг Гаштајгер, претседател на Управниот одбор на Бабкок Борсиг. Оваа германска фирма на почетокот на годинава со ЕЛЕМ потпиша договор да ги рехабилитира котелските постројки на РЕК "Битола".
- Проектот се реализира на време и во моментов ги подготвуваме неопходните материјали за почеток на реконструкцијата. Во август, третиот блок треба да биде исклучен од системот за да ја почнеме реконструкцијата која треба да заврши до крајот на октомври или почетокот на ноември годинава. Потоа блокот ќе може да се пушти во работа, а нам ни остануваат уште некои работи до крајот на годинава кога ќе започнеме со реконструкција на вториот блок - изјави Гаштајгер за време на одржувањето на саемот за енергетика Пауер-Џен Јуроп 2012.
Тој посочи дека сукцесивно, секоја година ќе се реконструираат котелските системи во по еден од трите блока на РЕК "Битола".
- Вредноста на проектот е околу 90 милиони евра, односно по 30 милиони за секој од трите блока. По целосното завршување на реконструкцијата ќе имате термоелектрана во Македонија која ќе ги задоволува барањата на ЕУ за загадување и емисија на азотни оксиди - истакна Гаштајгер.
Паралелно, со почетокот на реконструкцијата на котлите во ТЕ Битола 3, во истиот период на овој термоблок ќе се одвива и капиталниот зафат за модернизација и автоматизација на агрегатите со што целосно ќе биде модернизиран блокот. За таа намена ќе бидат инвестирани околу 22 милиони евра.